Поврзете се со нас

Европски првенства

Шкотски фан стана хит со пораката за училиштето на неговиот син: Алекс оди на едукативно патување низ Германија

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ScotlandNT

Илјадници фудбалски фанови решија да ги следат натпреварите на својата репрезентација во живо, на стадионите во Германија, а дел од нив ќе мора да го продолжат престојот поради добрите резултати и пласманот во завршницата.

Шкотска немаше посакуван старт на ЕП на вчерашниот дуел со Германија, но тоа нема да ја спречи армијата фанови да останат на германско тло и за преостанатите средби од групната фаза.

Еден навивач на оваа селекција стана вирален хит поради информацијата која ја испратил до училиштето на неговиот син. Тој ги информирал одговорните дека 12-годишното момче ќе отсуствува од часови од 13. јуни се до елиминацијата на Шкотска, правејќи му друштво на својот татко во оваа фудбалска авантура.

– Ви пишувам за да ве известам дека Алекс М. нема да оди на училиште од 13. јуни, па се до елиминацијата на Шкотска од ЕП.

– Одиме на едукативно патување низ Германија, каде ќе посети повеќе градови и ќе ги искуси добрите и лошите моменти на еден шкотски фан.

– Јас ќе се погрижам Алекс да подготви детален извештај кога ќе се врати, – напишал таткото Џон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни