Поврзете се со нас

Европски првенства

Мурињо го привлече вниманието на фановите со друштвото на трибините во Минхен: Голем човек (Фото)

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Отворањето на Европското фудбалско првенство е уште еден спектакл на кој присуствуваат и голем број фудбалски имиња, кои од трибините можеа во живо да ги следат случувањата на дуелот меѓу Германија и Шкотска.

Еден од ВИП гостите на УЕФА е и Жозе Мурињо, кој неодамна го презема Фенербахче, а овој период ќе има можност да проследи и дел од програмата на ЕП во Германија.

Португалецот предизвика многу реакции кај фудбалските фанови, објавувајќи фотографија на Инстаграм, на која се пофали со своето друштво на трибината на „Алијанц“ арена во Минхен.

– Со шкотската легенда, мора да бидам со нив. Голем човек, – напиша Мурињо, објавувајќи ја фотографијата со легендарниот колега, Сер Алекс Фергусон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jose Mourinho (@josemourinho)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни