Поврзете се со нас

Балкан

Ристовски и Адеми доминираат во Хрватска: Дерби победа и двојна круна за Динамо

Објавено

на

Динамо со спектакуларен спринт во завршницата од сезоната стигна до нова титулата во Првата фудбалска лига во Хрватска, но Стефан Ристовски и Аријан Адеми вечерва стигнаа и до „двојна круна“.

Двајцата поранешни македонскиот репрезентативци заедно со своите соиграчи одново се покажаа како пеколни за Риека, па така откако го добија директното дерби за титула во домашното првенство, сега ги победија и во Купот.

Првиот натпревар кој се одигра на „Максимир“ заврши 0:0 и беше јасно дека се ќе се решава на „Рујевица“, а на овој стадион денеска до израз дојде ефикасноста на гостите.

Иако Риека имаше повеќе од 20 обида, на Динамо му беа доволни само четири за да постигне три гола, па со трите гола во мрежата на домаќините стана јасно дека трофејот ќе патува во Загреб.

Сучиќ, Батурина и Булат беа стрелци на головите кои го најавија 17-от Куп трофеј за Динамо, додека почесниот гол за Риека го постигна Фрук во 91-та минута.

Ристовски беше стартер и го одигра цел меч во финалето, додека Адеми беше активен до 81-та минута и заврши навистина одлична работа во средниот ред.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни