Поврзете се со нас

Лига Европа

Најпикантна слика од финалето: Гасперини го замолкнуваше Чаби (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/Atalanta_BC

ЏанПјеро Гасперини стави крај на својата суша во Аталанта и после три болни порази во финалињата во Копа Италија се израдува на првиот трофеј, а освоениот вечерва во Даблин дефинитивно е далеку попрестижен од оние во Копа Италија.

Аталанта му одржа фудбалска лекција на Баер Леверкузен и го урна митот за непобедливоста на „фармацевтите“, кои интересно на финалниот натпревар пристигнаа со серија од 51 меч без пораз.

Германскиот шампион влезе како голем фаворит во финалето и букмејкерите и дадоа доста помали шанси на Аталанта, но на теренот само еден тим беше гладен за победа и историски трофеј.

Аталанта ја освои првата титула по далечната 1963-та година, а Гасперини ја прекина својата црна серија во финалињата и целосно го надмудри Чаби Алонсо.

Италијанците беа посебно надмоќни во првите 45 минути, период во кој покрај двата гола на Лукман, ја видовме и најпикантната слика, односно моментот кога искусниот Гасперини го замолкнуваше својот колега Чаби Алонсо за честите протести.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни