Поврзете се со нас

Шпанија

Полскиот селектор ги критикува Чави и Барселона за формата на Левандовски

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Роберт Левандовски е дел од медиумските шпекулации кои го поврзуваат со заминување од редовите на Барселона, а како една од причините се наведува слабата форма сезонава и наводниот став на тренерот Чави дека е расположен за разделба со искусниот напаѓач.

Засега тоа не е официјална одлука и стручниот штаб и раководството допрва ќе направат договор околу тимот за следната сезона и нивните приоритети, но шпекулациите повлекоа реакција од полскиот селектор Михал Пробиеж.

Тој во изјава за полски медиум испратил критики на сметка на Чави и клубот во однос на третманот кој го добива Левандовски.

– Роберт е најдобар напаѓач на Барселона и треба отворено да се каже дека екипата воопшто не му помагаше сезонава.

– Многу често тој беше на добра позиција и чекаше топка, но таа не стигнуваше до него, – рекол полскиот селектор, по што испратил критики и до Чави без да го именува.

– Барса беше во катастрофална форма и Роберт се обидуваше да го подигне тимот. Но, во еден момент Барса испадна од битката за трофеи и моралот на екипата опадна, – изјавил Пробиеж.

Левандовски сезонава има 25 гола и 9 асистенции, најслаб ефект уште од сезоната 2014/15.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни