Поврзете се со нас

НБА

Индијана прокоцка добиен натпревар, Бостон го искористи подарокот за победа (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/celtics

Индијана имаше три поени предност и напад на 10 секунди до крајот, но една грешка ги чинеше гостите пораз во продолжение од фаворитот Бостон (133:128).

Првиот натпревар во финалната серија на Истокот во рамките на НБА плејофот донесе голема драма, во која на крајот се радуваа домашните фанови, а херој беше Џејлен Браун.

Индијана направи грешка при изведување на топката за последниот напад во кој требаше само да ја потврди победата, за подоцна Холидеј да испрати одлично додавање до Браун, а вториот со тројка да го одведе натпреварот во продолжение.

Бостон се снајде подобро во дополнителните минути и на крајот поведе во серијата, која многу лесно можеше да тргне во корист на противникот, екипата на Пејсерс која може да жали за тоа што се случи во завршницата на четвртиот период.

Тејтум постигна 38, Холидеј 28, а Браун 26 поени во важниот триумф на Селтикс, додека кај Индијана се истакнаа Халибартон со 25 и Сиакам со 24 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни