Поврзете се со нас

Лига Европа

Папу ја бодри Аталанта пред финалето: И мојата Аргентина пристигна на СП со долга серија без пораз

Објавено

на

Папу Гомез беше капитен на Аталанта, но пред неколку години го напушти италијанскиот клуб по неочекуваниот личен конфликт со тренерот Џан Пјеро Гасперини.

Сепак, Аргентинецот останува голем фан на „Ла Деа“ и ќе ги бодри дел од поранешните соиграчи во денешното финале на Лига Европа, каде противник на Аталанта ќе биде Баер Леверкузен.

Новиот германски шампион влегува во натпреварот со серија од 50 натпревари без пораз, а Гомез смета дека е време да дојде крај на оваа серија.

– И мојата Аргентина пристигна на последното Светско првенство со серија од 36 натпревари без пораз, па загубивме уште на првиот натпревар во групната фаза.

– Порано или подоцна ќе загубат, да се надеваме дека тоа ќе се случи во ова финале.

– Не очекував дека Аталанта ќе дојде толку далеку, но работите се променија од натпреварот на „Енфилд“. Тогаш се запали искрата и оттогаш фудбалерите знаеја дека можат да стигнат многу подалеку, – рекол Папу Гомез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни