Поврзете се со нас

Лига на шампиони

УЕФА ги потврди домаќините на финалните натпревари во европските купови до 2027 година

Објавено

на

Извршниот комитет на Европската фудбалска федерација (УЕФА) денеска ги потврди домаќините на следните финални натпревари во европските купови, по што и официјално финалето на Лигата на шампионите ќе се игра во Будимпешта.

Унгарската престолнина ќе биде домаќин на финалистите во најелитното европско натпреварување на „Пушкаш“ стадионот кој има капацитет од нешто повеќе од 60.000 седишта, додека домаќинот за финалето во 2027 година ќе биде потврден дополнително.

Идејата на УЕФА е тоа да се игра на „Сан Сиро“ во Милано, но решено е да се почека информација од Италијанската фудбалска федерација за процесот на реновирање, пред во септември да биде донесена конечната одлука за домаќинот на ова финале по три години.

Како потсетување, финалето годинава, односно на 1. јуни ќе се игра на „Вембли“ во Лондон, додека следната година домаќин на финалето ќе биде „Алијанц“ (Минхен).

Финалето на Лига Европа ќе се игра во Истанбул (2026) и Франкфурт (2027), додека домаќин на финалните средби во Конференциската лига ќе бидат Лајпциг (2026) и Истанбул (2027).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни