Поврзете се со нас

Свет

Барселона го договорила наследникот на Гримау

Објавено

на

foto: x.com/FCBbasket

Барселона имаше лоша сезона во која не беше освоен ниту еден трофеј, а цената за тоа ја плати тренерот Рожер Гримау за кого ова беше прво искуство на ваква сцена.

Легендарниот Хуан Карлос Наваро најави дека ќе бидат направени сериозни промени со тоа што првата задача е да се најде соодветно решение на тренерската позиција. Прва желба беше Чави Пасквал, ама оваа опција отпадна поради финансиски причини како и онаа за Димитрис Итудис, па се побара друго решение кое според шпанските медиуми и кошаркарските портали ќе биде Жоан Пенароја.

Тоа е 55 годинаш стратег кој минатата сезона беше отпуштен од Басконија. Претходно има работено и во други клубови на Пиринеите со тоа што најголем успех имаше во Бургос каде освои два пехари во ЛШ на ФИБА.

Пенароја е стратег кој воедно му беше тренер на Војдан Стојановски во Андора.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни