Поврзете се со нас

Македонија

По Глишиќ, Гостивар потврди уште две засилувања за новата сезона (Фото)

Објавено

на

Foto:facebook.com/KFGGostivari

Гостивар се поврзува со ангажмани на неколку звучни имиња кои во минатото имаа големо значење во Европа, но во меѓувреме комплетираше операции со играчи кои се познати на овие простори.

Тимот кој заврши деветти на табелата има големи амбиции и добрата финансиска состојба прави да се создава респектабилен тим, па после Дарко Глишиќ, во текот на денешниот ден беа потврдени уште две засилувања.

Гостивар денот го почна со ангажман на поранешниот капитен на Вардар, а подоцна потврди дека ги договори и Мевлјан Мурати и Константин Чешмеџиев.

Мурати пристигнува во Гостивар од редовите на Работнички, додека претходно настапуваше за Шекндија каде ги оставри и најголемите успеси во кариерата.

Од друга страна, Чешмеџиев доаѓа од далечна земја бидејќи настапуваше во Саудиска Арабија, но мак фудбалот му е добро познат бидејќи настапуваше за Работнички, Шкендија, Пелистер, Брера и Македонија ЃП.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни