Поврзете се со нас

Шпанија

Повратникот во францускиот тим: Не знам дали ќе останам во Реал

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona_cat

Ферлан Менди доби повик за француската репрезентација после две години и важи за повратник во најсилниот тим на „триколорите“, а како играч со таков статус, има големи очекувања на Европското првенство.

Менди има далеку поважна улога во Реал Мадрид за разлика од националниот тим, но дури и во ситуација кога одигра речиси перфектна сезона на клупски план, во моментов не знае дали има иднина на „Сантијаго Бернабеу“.

Реал размислува дали да купи нов лев бек и да затвори едно поглавје со Менди, а сега и самиот фудбалер призна дека не знае дали ќе му биде продолжен договорот кој истекува наредната година.

– Ми одеше многу добро оваа сезона. Ја освоив Лигата на шампионите и сега добив повик за Франција. Многу сум задоволен што сум тука и што ќе бидам дел од Европското првенство.

– Играв многу на клупски план, треба да бидам подготвен да му помогнам на францускиот тим. Можно е да им затребам во секој момент и јас сум подготвен. Мојата иднина во Реал не е позната, но тоа не е тема за разговор во овој момент. Ќе видимее што ќе се случи, сега сум фокусиран само на Европското првенство, – изјави Менди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни