Поврзете се со нас

Европски првенства

Германската ѕвезда која изненадно доби повик за ЕП: Пред два дена бев во Косово, а сега постигнав гол на ЕП

Објавено

на

Фото: DFB/Philipp Reinhard

Германија правеше промена во тимот на два дена пред почетокот на Европското првенство, а причина за тоа беше изоставувањето од списокот на болниот Александар Павловиќ.

Талентираниот играч со српско потекло остана без сонот да настапи на континенталниот собир во Германија, па изненадно место во најсилниот тим доби Емре Џан.

По разочарувањето во големото финале на Лигата на шампионите, играчот на Борусија Дортмунд заминал да полни батерии во Косово, но веднаш кога добил повик од Нагелсман, го фатил првиот лет за Минхен.

Судбината посака вчера да добие шанса во завршницата од мечот со Шкотска, а уште поинтересно беше тоа што го постигна голот за конечни 5:1.

– Ова е вистинска лудница. Пред само два дена бев на одмор во Косово, а потоа Јулијан ми се јави да му се приклучам на тимот. Долетав со првиот лет, одработив еден тренинг, добив шанса и постигнав гол. Навистина неверојатни два дена, – изјави Џан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни