Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола освои престижно ПЛ признание: Сакам да го поделам со моите неверојатни колеги

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/premierleague

Пеп Гвардиола го доби најважното индивидуално признание за комплетирање на уште една успешна сезона на Манчестер Сити во англиската Премиер лига.

Шпанецот е избран за менаџер на сезоната, со што доби уште една битка со својот поранешен асистент Микел Артета, а благодарение на уште една освоена титула во ПЛ.

Манчестер Сити стана првиот клуб со четири освоени титули по ред, со што испиша историја во Премиер лигата, а Гвардиола изјавил дека сака да го подели признанието со останатите номинирани за истото.

– Да, би сакал да го поделам. Посебно со Микел (Артета) за неверојатната работа која ја направи до последниот натпревар, не доведе до ситуација да го достигнеме нашиот лимит. Со Клоп поради сите неверојатни битки изминатите години, со Емери поради постигнувањето неверојатен успех и пласман во ЛШ со Астон Вила, – рекол Гвардиола кој го споменал и успехот на сонародникот Андони Ираола во Борнмут.

За Шпанецот ова е петто вакво признание во Премиер лигата и само Алекс Фергусон го има добиено повеќе пати (11).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни