Германија
Џака за рецептот за успех на Чаби Алонсо: Менталитетот прави чуда
Баер Леверкузен зад себе има импресивна сезона во која ја освои Бундеслигата, а вечерва може да стигне до уште еден престижен трофеј бидејќи е дел од финалето на Лига Европа, во кое ќе се сретне со Аталанта.
Тимот на Чаби Алонсо притоа нема пораз на последните 50 натпревари и на голем дел од нив успеа да дојде до израмнување или целосен пресврт во самиот финиш, а Гранит Џака смета дека тој и неговите соиграчи профитираат од менталитетот на тренерот.
Искусниот швајцарски репрезентативец зборувал отворено за формата на Баер сезонава и открил детали поврзани со работата на Алонсо.
– Го прашував многу работи за Реал Мадрид во времето кога тој беше играч. Го прашував за неговите партнери во средниот ред, за напаѓачите, за тренерите и колку ситните детали се важни во фудбалот.
– Се работи за тоа дали го поседувате тој менталитет да бидете мирни и кога не ви оди. Пример за тоа се пресвртите кои ги направи Реал и бројот на натпревари кои ги добиле додека биле во негатива во продолжение. Тоа не се случуваше само кога тој играше за Реал, туку се случува и денеска.
– Тоа се тие мали детали кои се потребни за да бидете конкурентни со големите клубови. Мора да бидете смирени ако не играте добро и да верувате дека можете да дојдете до посакуваниот резултат до крајот, – истакнал Џака.
-
Италија19 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија18 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија16 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет23 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Свет21 час
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП17 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
ВТА20 часа
Историска победа: Швјонтек ја остави Анисимова на „нула“ и ја освои првата титула на Вимблдон
-
Шпанија16 часа
Модриќ со серија спомени ја одбележа својата незаборавна етапа во Реал: Ова не е збогум, ова е догледање (Фото)