Поврзете се со нас

Лига Европа

Џака објасни зошто играчите на Леверкузен воопшто не се нервозни пред финалето: Пиеме крв секое утро (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/bayer04fussball

Баер Леверкузен ќе се обиде да го продолжи митот како непобедлив тим и оваа вечер ќе има голем предизивик во Даблин, бидејќи избраниците на Чаби Алонсо ќе се борат за вториот трофеј.

По освоената историска титула во Бундеслигата, „фармацевтите“ сега се насочија кон трофејот во Лигата на Европа, а од тоа ги дели само 90 или 120 минути фудбал.

Леверкузен влегува како фаворит во дуелот со Аталанта, а еден од новинарите ги запраша Гранит Џака и Чаби Алонсо зошто не изгледаат воопшто нервозно пред финалето.

Нивното опуштено издание на пресот збуни дел од претставниците на седмата сила, па еден побара одговори од двајцата, иако доби само од Гранит.

– Пиеме крв секое утро. Затоа веќе не чувствуваме нервоза….., – со насмевка на лицето одговори Џака.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни