Поврзете се со нас

Европски првенства

Реал се согласил на специјална улога на Алаба на ЕП во Германија

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Давид Алаба нема да може да им помогне на колегите од репрезентацијата на Австрија на Европското првенство во Германија, но тоа не значи дека нема да биде дел од престижниот фудбалски турнир.

Австријците побарале, а Реал Мадрид одобрил, Алаба да биде дел од австриската делегација во Германија, во која му е доделена улога на „неиграчки“ капитен, со цел да обезбеди дополнителна поддршка за своите сонародници и соиграчи од националниот тим.

– Навистина е штета што нема да сметаме на Алаба на теренот, во последните неколку разговори со него тој истакна дека сака да биде со нас на првенството.

– Затоа сум и среќен што можам да потврдам дека тоа ќе се реализира, откако имавме одлична дискусија со Реал Мадрид и неговиот клуб нема да биде проблем, – изјавил селекторот Ралф Рангник.

Алаба настапи за Австрија на претходните две европски првенства, а во Реал очекуваат внимателна и целосна рехабилитација во пресрет на новата сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни