Поврзете се со нас

Свет

Мурињо го издвои најголемиот успех во кариерата: Затоа ме „шутнаа“ третата година (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Жозе Мурињо бил дел од фудбалско предавање во Саудиска Арабија и одговарал на интересни прашања поврзани за неговата кариера, а водителката му презентирала два негови рекорди како убедливо најголеми достигнувања во кариерата.

Португалецот доби за задача да бира меѓу освоената титула во Ла Лига со 100 бода или титулата во Премиер лигата со Челси со само 15 примени гола, но Мурињо ги остави овие две остварувања во втор план и посочи дека негов најголем успех се двете финалиња во Европа како тренер на Рома.

– Најтешко и најпредизвикувачки беа двете европски финалиња со Рома. Зошто? Погледнете ја историјата и ќе сфатите зошто…..

– 50 години наназад никогаш немаа напрвено такво нешто, па затоа успесите зависат од условите, но и димензиите на клубовите. Има работи кои ги правите и кои се нормални поради последица на историјата. Колку условите се помалку добри и потешки за да успеете, толку повеќе се добива заслуга и најмногу се гордеам на тоа.

– Гледајќи ја Рома, историско тоа беше нешто невозможно за остварување, а ние го направивме два пати во низа. Затоа ме „шутнаа“ третата година, – со насмевка завршува Мурињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни