Поврзете се со нас

Шпанија

Крос ги избра своите двајца наследници во Реал: Подготвени сте да ја преземете контролата

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Тони Крос го одбра слободниот ден како идеално време да соопшти одлука која нема многу да им се допадне на неговите соиграчи, па така ѕвездите на Реал Мадрид мораа да му испраќаат пораки на Германецот преку социјалните мрежи.

Крос најави повлекување од професионалното играње фудбал на крајот од сезоната и негов последен турнир ќе биде Европското првенство, а како што се очекува, последен меч за Реал ќе му биде оној против Борусија Дортмунд во големото финале во Лигата на шампиони.

Тони доби безброј емотивни пораки од своите соиграчи и сите му се обратија на фантастичниот фудбалски маестро, но Крос со два одговори го привлече вниманието, бидејќи ги избра играчите кои можат да го наследат во средниот ред.

– Уживаш во секоја минута откако си со нас! Повеќе од подготвен си да ја преземеш одговорноста, иако имаш само 20 години, – му порача Крос на Белингам, а посебни зборови имаше и за Валверде.

– Сакан Феде. Ти самиот знаеш дека си многу важен за мене, те сакам и како играч и како личност. Поседуваш се за да преземеш контрола и да биде капитен на тимот во иднина. Јас секогаш ќе бидам на твоја страна, – гласи пораката за Валверде.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни