Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола и Артета извисија: Второлигашки менаџер избран за број еден од своите колеги

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/IpswichTown

Пеп Гвардиола беше прогласен за Менаџер на сезоната во англиската Премиер лига, но тоа не значи дека е најдобар тренер во Англија.

Барем така сметаат членовите на Професионалната асоцијација на менаџери на островот, која признанието за менаџер на годината му го додели на Кирaн МекКена.

38-годишниот стручњак успеа да обезбеди влез во Премиер лигата со Ипсвич и го врати овој клуб во елитата по пауза од 22 години, што беше доволно да добие повеќе гласови од Гвардиола, Микел Артета и останатите менаџери.

Покрај споменатото трио, во потесниот круг номинирани биле и Шон Дајч од Евертон, Унај Емери од Астон Вила и Џон Мусињо од Портсмут.

МекКена работеше како тренер во сениорскиот тим на Манчестер Јунајтед, а во 2021 година го презема Ипсвич, додека оваа екипа играше во третата лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни