Поврзете се со нас

Формула 1

„SempreSenna“: Мекларен со уникатен дизајн на болидите за трката во Монако!

Објавено

на

Оваа година беше одбележана 30-годишницата од погибијата на трикратниот светски првак Аиртон Сена, кој загина водејќи во трката за Големата награда на Сан Марино во Имола.

На претходното гран при, кое се одржа токму на истата патека, беше организирано возење на болидот на Аиртон од 1993 година (Мекларен Форд), а зад управувачот седна пензионираниот Ф1-шампион, Себастијан Фетел.

 

Овој викенд, за трката во Монако, каде што Аиртон Сена го држи рекордот со шест победи, од кои пет се во низа, тимот Мекларен (со кој Бразилецот во три наврати стана светски првак), објави дека ќе користи специјален дизајн на болидите, инспириран од боите кои беа заштитен знак на овој возач, а меѓу кои доминираат боите од знамето на неговата татковина.

Ова коинцидира и со растечките очекувања на екипата од своите млади возачи, Ландо Норис и Оскар Пјастри, кои се почесто се замешуваат во борбата за врвните позиции, а британскиот возач веќе победи на трката во Мајами и беше втор во Имола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни