Поврзете се со нас

Англија

Бекам: Знам дека фановите на Јунајтед ќе сакаат да ме „убијат“, но мора да кажам една работа за Клоп

Објавено

на

Foto:twitter.com/Wimbledon

Јирген Клоп доживеа многу емотивно попладне во неделата и го имаше „последниот танц“ на „Енфилд Роуд“, стадионот на кој донесе безброј радости и многу големи титули во изминатите девет години.

Германецот реши да стави крај на една ера и самостојно се повлече од менаџерската функција, а неговото заминување ќе остави една голема празнина во Ливерпул, но и воопшто во Премиер лигата.

Јирген беше надалеку ценет и многу сакан од своите колеги, но дури и од легенди на ривалски клубови кои обично мразат се што има било каква врска со Ливерпул..

– Како фан на Манчестер Јунајтед, морам да признаам дека го сакам Јирген. Го сакам неговиот карактер, ја сакам неговата личност, го сакам сето она што му го носи на спортот.

– Знам дека добар дел од фановите на Јунајтед ќе сакаат да ме „убијат“, но мора да кажам една работа за Клоп. Жал ми е што си оди, жалам што го напушта Ливерпул. Тоа што го направи за клубот и за фудбалот е неверојатно, – вели легендарниот Дејвид Бекам.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни