Поврзете се со нас

Германија

Балак веќе најде германски наследник на Крос: Тој е подготвен да игра за Реал

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Одлуката на Тони Крос да ја заврши кариерата по крајот на продолжената сезона со Европското првенство е топ тема во светските медиуми, а од сите страни пристигнуваат пораки за Германецот, што е само дополнителна потврда за неговата фудбалска класа и значењето кое го имаше за клубот и играта воопшто.

Во меѓувреме, неговиот сонародник Михаел Балак истакнал помлад сонародник како природен наследник на Крос во Реал Мадрид, истакнувајќи дека е подготвен за предизвикот.

Балак смета дека Флоријан Вирц сезонава покажал дека е материјал за „кралскиот клуб“ и може да биде трансфер погодок исто како Белингам.

– Од фудбалски аспект, Вирц дефинитивно може да игра за Реал Мадрид.

– Трансферот на Џуд Белингам од Борусија во Реал покажа дека кога играш со подобри фудбалери, стануваш уште подобар, – рекол Балак, кој е поранешен фудбалер на Баер Леверкузен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни