Поврзете се со нас

Европски првенства

Нагелсман непријатно изненаден од Шкотска: Очекував да бидат поагресивни

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Јулијан Нагелсман ја оствари првата победа како германски селектор на едно Европско првенство, но истата беше навистина импресивна поради играта која ја прикажа неговиот тим.

Домаќиниот на турнирот остави зад себе турбулентен период во кој тимот не изгледаше воопшто добро, меѓутоа повеќе од очигледно е дека актуелниот состав изгледа далеку подобро со Тони Крос како диригент во средниот ред.

Крос се врати во репрезентацијата со цел да се пензионира на Европското првенство, а во победата од 5:1 имаше неверојатна статистика, бидејќи не реализираше само едно од точно 102 додавања.

Покрај Крос, импресионираа и Вирц, Мусиала и Филкруг, но Нагелсман откри дека останал непријатно изненаден од Шкотска, која според него била доста незаинтересирана на стартот на мечот.

– Среќен сум и задоволен. Не е лесно да го одиграте првиот меч на Европско првенство на домашен терен, притисокот е голем. Брилјиравме во првите 20 минути и беш речиси совршено. На крајот примивме гол, но тоа не е многу важно после вакво издание.

– Одличен знак е и тоа што моите играчи беа бесни по примениот гол. Морам да признаам дека сум малку непријатно изненаден од Шкотска, очекував да бидат многу поагресивни во првите 20 минути. Очигледно беа шокирани од нашиот посед и концентрацијата која ја покажавме во воведот, не им дозволивме да прават висок пресинг како во квалификациите, – изјави Нагелсман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни