Поврзете се со нас

АТП

Агаси ќе го наследи Мекинро како еден од капитените на „Лејвер купот“

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/LaverCup

Тенискиот „Лејвер куп“ ја продолжува својата традиција и годинава ќе се одржи во Берлин, а ова издание на престижното соочување на тимовите на Европа и Светот ќе биде последно за Џон Мекинро и Бјорн Борг.

Тениските легенди беа капитени на двата тима од формирањето на „Лејвер купот“, а денеска стана јасно дека наследник на Мекинро ќе биде неговиот сонародник Андре Агаси.

Агаси ќе ја презема капитенската улога од следната 2025 година, кога турнирот ќе се одржи во Сан Франциско, додека наследникот на Борг ќе биде објавен дополнително.

Агаси е еден од малкуте тенисери кои имаат победено на сите грен-слем турнири во отворената ера, а остана препознатлив поради специфичниот стил на игра и темпераментот и однесувањето надвор од терените.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни