Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Борусија со величествен гест ги изненади сите вработени пред големото финале на „Вембли“

Објавено

на

Foto:x.com/BVB

Борусија Дортмунд на 1-ви јуни ќе биде дел од големиот фудбалски спектакл на „Вембли“, а интересно дел од истиот ќе бидат сите вработени во клубот од Вестфалија.

Борусија со години наназад воодушевува со начинот на кој се менаџираат сите внатрешни случувања, па така веста која ја пренесуваат медиумите од Германија предизвика навистина голем поздрав и од сите неутрални фанови ширум светот.

Челниците на клубот решила да обрнат внимание на сите луѓе кои се дел од проектот на Борусија, па така сите 519 вработени во клубот ќе бидат специјални гости на „Вембли“, почнувајќи од чистачките и економите, па се до директорите и менаџерите.

Борусија на овој начин сака да им се заблагодари на сите поединечно за вложениот труд и секојдневната работа за функционира на клубот, а ваквиот потег само покажува за каква институција станува збор.

Покрај вработените, „милионерите“ во Лондон ќе ги водат и сите членови на младинските школи, односно децата од 12 до 19 години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни