Поврзете се со нас

Шпанија

Куртоа првпат објави снимка од моментот кој му ја уништи цела сезона (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Тибо Куртоа имаше многу тешка сезона бидејќи уште во месец август си нанесе тешка повреда на коленото, па иако беше познато дека самиот си предизвикал голема штета, сега за првпат се појави и видео од точниот момент.

Белгискиот чувар на мрежата објави емотивно видео преку социјалните мрежи и покажа како изгледал целиот процес на рехабилитација, а во материјалот е прикажно и видеото од најстрашниот момент.

Куртоа ја преброди најтешката повреда во неговата кариера и после девет месеци се врати на терените, па сега се доведе во ситуација да конкурира за првото место кое е во прашање големото финале во Лигата на шампиони.

Тибо ја санираше повредата од скинатиот преден вкрстен лигамент и навреме се опорави и од втората операција на менискусот, па со самото тоа му создаде и мали главоболки на Карло Анчелоти.

Италијанецот ќе мора да бира дали да го постави на голот најдобриот голман во светот според негово убедување, или човекот кој одговори навистина добро на сите предизвици кои изненадувачки ги доби оваа сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни