Поврзете се со нас

Шпанија

Модриќ за пензионирањето на Германецот: Никогаш нема да постои друг играч како Крос

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Лука Модриќ не заборави да испрати порака за својот долгогодишен соиграч Тони Крос, одблежувајќи ја неговата најава дека ќе ја заврши кариерата по крајот на сезоната, односно ЕП во Германија.

Фудбалерот на Реал Мадрид според многумина, без проблем можеше да одигра уште неколку сезони, но сепак реши да стави крај на фудбалската авантура токму ова лето. Модриќ во својата емотивна порака посака заеднички да му помогнат на клубот да стигне до петнаесеттата европска титула.

– Драг Тони, тешко ми е да ги напишам овие зборови. Светот на фудбалот е тажен затоа што си заминува еден историски фудбалер, а признавам дека и јас сум многу тажен. Мој пријателe, ти си легенда на овој спорт и легенда на Реал Мадрид.

– Навистина уживав кога играв со тебе, ми беше чест да играм со тебе во средниот ред на Реал. Имаш квалитети кои те прават единствен и посебен. Никогаш повеќе нема да има некој како Тони Крос. Незаборавни европски ноќи, титули, магијата на Бернабеу… Никогаш нема да ја заборавиме оваа златна ера во клубот на нашите животи, успеа да освоиш се што можеше, но остана уште една работа, заедно до 15-ка пријателе, – напишал Модриќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luka Modric (@lukamodric10)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни