Поврзете се со нас

Шпанија

Крос ја доби најемотивната порака од соиграч во Реал: Ова никогаш нема да можам да ти го кажам лично…. (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Играчите на Реал Мадрид со голема неверица ја прифатија веста дека Тони Крос ќе замине во пензија по крајот на оваа сезона, па многумина останаа изненадени и не криеја дека се шокирани преку социјалните мрежи.

Легендарниот Германец ги растажи своите соиграчи кои на големо потенцираат дека ќе им недостасува следната сезона, но од сите искрени пораки, една сепак посебно се издвојува.

Феде Валверде беше најемотивен и му испрати навистина оригинални зборови на Тони, порака која вели дека нема да собере храброст да му ја каже во лице.

– Претпоставувам дека сите деца имаат свои идоли. Секое дете има човек кого посебно го почитува, човек кој го гледа на телевизија и за кого вели „сакам да бидам како него“. Ако станува збор за деца со голема фантазија, почнуваат да сонуваат и за играње со својот идол, нешто што изгледа невозможно и недопирливо….

– Тоа дете бев јас. Тоа дете си го оствари сонот и играше со играчот кој секогаш беше негов идол. Сега со чудно чувство и со грутка во грлото, велам дека на тоа дете ќе му се допаѓа да игра уште десет години со тебе Тони. Никогаш не престанав да бидам детето кое толку те почитува. Цел ден го минав составувајќи го ова писмо и мислам дека никогаш не сум ти го кажал ова и мислам дека нема да можам да ти го кажам лично…. Сакам да знаеш: Те сакам и тоа што сум денес е благодарение на тебе, – порача Валверде.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни