Поврзете се со нас

Италија

И Кјаер си заминува од Милан: Многу сум горд, беше чест да се игра за овој клуб

Објавено

на

Калчолигашот Милан ќе направи промени во играчкиот кадар во наредниот период, а она што е јасно е дека дел од ветераните повеќе нема да го носат дресот на „црвено-црните“.

Оливие Жиру веќе си пронајде нов клуб и се сели во МЛС лигата, а останува да се види каде ќе заврши и дефанзивецот Симон Кјаер кој го напушта Милано.

-Чест ми беше да играм за овој клуб, навистина сум горд. Фала за се, Милан, -порача Данецот меѓу другото.

Симон од 2020 година беше дел од калчолигашот со кој најголемиот успех дефинитивно е освоено Скудето во натпреварувачката 2021/2022.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни