Поврзете се со нас

Македонија

Захариевски како голем џентлмен: Честитки за Тиквеш, ние секако остваривме голем успех

Објавено

на

Срѓан Захариевски не можеше да биде задоволен од играта на своите фудбалери цели 70 минути, но на крајот не може да испрати никакви забелешки, бидејќи Воска направи се што е во нејзина моќ да израмни и да се избори за продолженија.

Задоцнетото будење на охриѓани се покажа како недоволно за уривање на кавадаречкиот сон, па така Тиквеш стигна до прва историска титула во Купот во своето прво финале во најмасовното натпреварување.

Офанзивниот фудбал на „Тодор Проески“ ги задоволи сите искрени љубители на македонскиот фудбал, а класа покажа и Захариевски кој џентлменски му честиташе на ривалот по испишаната историја.

– Тиквеш заслужено се радува и ја користам оваа прилика за искренро да им честитам за освоениот трофеј. Првото полувреме кое го одигравме не беше на ниво, едноставно недозволиво е да направите такви грешки во едно финале. Тиквеш беше за нијанса подобар од нас и заслужено се радува на трофејот.

– Ние сме нов клуб, постоиме само четири години и за нас ова е голем успех. Сите не прежалија на стартот на сезоната, но покажавме карактер. Опстанавме во лигата како седми тим на табелата, а стигнавме и до Куп финале кое беше историско за нас, – изјави Захариевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни