Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски селектираше за Хрватска и Чешка: Остануваме лојални на играчите кои потврдија дека можат против најдобрите

Објавено

на

Благоја Милевски како селектор на најсилната македонска репрезентација денеска го објави списокот на повикани фудбалери за контролните натпревари на почетокот на јуни, а интересно е тоа што Боби се одлучи за целосно идентична листа како онаа што ја соопшти на претходниот собир.

Македонија ќе игра против Хрватска на 3-ти јуни во Ријека, а седум дена подоцна, на 10-ти јуни ќе игра против Чешка во Храдец Кралове.

– Со нетрпение го очекуваме новиот собир и силните натпревари против Хрватска и Чешка, две репрезентации учесници на Европското првенство. Во составот на македонската репрезентација се фудбалерите кои потврдија дека можат да бидат конкурентни и со најсилните европски селекции. Остануваме лојални на играчите кои одиграа одлични натпревари во вториот дел од квалификациите за Европското првенство, посебно против големите фаворити, Англија и Италија. Без разлика на формата или статусот во клубовите ќе бидат тука за главната наша цел – Лигата на нации и пресметките кои не очекуваат од септември.

– Со нас е Дарко Велковски, кој е во последната фаза на опоравување од повреда, но без разлика дали ќе може да игра, важно е што како еден од најискусните во тимот и еден од лидерите на екипата е дел од овој собир. Двата контролни натпревари во Ријека против Хрватска и Храдец Кралове против Чешка ни се важни во подготовките за септемвриските предизвици, со посебен акцент на зајакнување на добрата атмосфера и заедништво.

– Мора да поправиме и некои работи во играта ако сакаме да забележиме позитивен резултат на претстојните два меча. Мораме подобро, свесен сум за тоа. Создаваме шанси, но мораме да ја подобриме ефикасноста, повеќе да влегуваме во празен простор, да покажеме карактер. Ова се натпревари на кои мотив сигурно нема да недостасува и треба да влеземе сериозно, одговорно и цврсто, – изјави Милевски.

Списокот со 27 повикани фудбалери:

ГОЛМАНИ:

Столе ДИМИТРИЕВСКИ – Рајо Ваљекано, Шпанија, Дамјан ШИШКОВСКИ – Арарат, Ерменија, Игор АЛЕКСОВСКИ – Работнички, Дејан ИЛИЕВ – Сараево, БиХ

ОДБРАНА:

Висар МУСЛИУ – Падерборн, Германија, Тодор ТОДОРОВСКИ – Политехника Јаши, Романија, Никола СЕРАФИМОВ – Фехервар, Унгарија, Јован МАНЕВ – Адана Демирспор, Турција, Езѓан АЛИОСКИ – Ал Ахли, Саудиска Арабија, Бојан ДИМОВСКИ – Акрон Тољати, Русија, Ахмед ИЉАЗОВСКИ – Хвидовре, Данска, Стефан АШКОВСКИ – Алашкерт, Ерменија, Ѓоко ЗАЈКОВ – Крајова, Романија , Дарко ВЕЛКОВСКИ – Динамо Букурешт, Романија

СРЕДЕН РЕД:

Енис БАРДИ – Трабзонспор, Турција, Јани АТАНАСОВ – Краковија, Полска, Агон ЕЛЕЗИ – Бохум, Германија, Тихомир КОСТАДИНОВ – Пјаст Гливице, Полска, Давор ЗДРАВКОВСКИ – Медервел, Шкотска, Елиф ЕЛМАС – Лајпциг, Германија, Исник АЛИМИ – Сепси, Романија, Димитар МИТРОВСКИ – Вараждин, Хрватска

НАПАД:

Бојан МИОВСКИ – Абердин, Шкотска, Милан РИСТОВСКИ – Бохемианс 1905, Чешка, Дарко ЧУРЛИНОВ – Шалке 04, Германија , Александар ТРАЈКОВСКИ – Хајдук, Хрватска, Лирим ЌАМИЛИ – Хвидовре, Данска

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни