Поврзете се со нас

Олимписки игри

Пешиќ за „бомбастичната“ одлука на Јокиќ: Тоа се лажни вести

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Никола Јокиќ има свежи сеќавања од болната елиминација од Минесота во конференциското полуфинале, па за разлика од минатата година, Србинот ќе има доста повеќе време за одмор.

Поради акумулиран замор, Јокиќ минатата година го откажа учеството на Светското првенство и тогаш доби големи критики во српската јавност, па сега сите кошаркарски фанови од оваа земја очекуваат да си ја поправи грешката и да настапи на Олимписките игри.

Српскиот медиум „Максбет“ денеска информираше дека Јокиќ донел конечна одлука да биде дел од тимот кои ќе настапи на игрите во Париз, а во моменти кога тоа се дочека со голема еуфорија, пристигна и демант од човекот кој го составува и објавува списокот.

Селекторот Светислав Пешиќ во кратка изјава за „Б92“ кратко посочи дека нема никаква вистина за оваа информација и дека е премногу рано да се зборува за тоа.

– Твитер новинар објави лажни вести. Кога ќе дојде време, ќе добиете вистинска информација на оваа тема, – изјави Пешиќ за „Б92“.

Инаку, самиот Јокиќ по елиминацијата изјави дека нема донесено одлука за својот настап на Олимписките игри, па се упатува кон тоа дека истата ќе биде соопштена во месец јуни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни