Поврзете се со нас

Англија

Еден фудбалер на Челси ја „поздравил“ веста за заминувањето на Покетино

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Разделбата на Челси и Маурисио Покетино ги изненади фановите, но и фудбалерите кои според медиумите биле шокирани од потегот и ваквото решение.

Голем дел од првотимците денеска му испратија емотивни пораки на досегашниот менаџер, но барем еден фудбалер на Челси очигледно е расположен од ваквиот епилог.

Се работи за Маланг Сар, кој вчера ставил „лајк“ на информацијата за разделбата објавена од клубот, што е знак дека ја поддржува одлуката, иако таа реално нема да го смени неговиот статус во лондонскиот луб.

Сар беше доведен од Ница, но не само што не се изнаигра во редовите на премиерлигашот и беше испраќан на неколку заеми, туку последниот настап го имаше во 2022 година.

Сезонава, Покетино не го вметна Сар во првиот тим, па Французинот не ни тренира со своите соиграчи, а Челси ова лето ќе има уште еден обид да го продаде во друг клуб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни