Поврзете се со нас

Европски првенства

Вирц и Мусиала испишаа историја уште во првото полувреме на премиерата на ЕП

Објавено

на

Фото: DFB/Philipp Reinhard

Германската фудбалска репрезентација брзо го скрши отпорот на шкотските ривали на првиот натпревар на Европското првенство, а стрелците на головите обезбедија место во историјата за себе и својот национален тим.

Флоријан Вирц го отвори резултатот во 10. минута со прецизен удар за кој шкотскиот голман не успеа да најде решение, додека Џамал Мусиала погоди уште поатрактивно девет минути подоцна за 2:0 за домаќинот на овој престижен турнир.

На овој начин Германија стана прва репрезентација во историјата на ЕП која имала двајца стрелци на возраст од 21 година или помлади, на еден ист натпревар.

Истовремено, Вирц со 21 година и 42 дена е најмлад Германец кој постигнал гол на ЕП, а стана и трет претставник на својата земја кој го постигнал првиот гол на едно европско првенство (по Герд Милер во 1972 и Карл-Хајнц Румениге во 1980 година).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни