Поврзете се со нас

Европски првенства

Спалети и Силвињо ги отворија картите, Албанија со офанзивна формација против европскиот шампион (ФОТО)

Објавено

на

foto: x.com/Azzurri

Италија и Албанија ќе ја затворат денешната програма на Европското првенство и тоа со дуелот кој од 21 часот се игра на „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

„Аѕурите“ со овој натпревар ќе ја започнат одбраната на титулата и се освен победа за нив ќе биде разочарување, но во никој случај не смеат да ги потценат Албанците кои се една борбена селекција која ќе има огромна поддршка од трибините.

Селекторот на Италијанците Спалети се реши за состав  Донарума, Ди Лоренцо, Бастони, Калифори, Ди Марко, Жоржињо, Барела, Пелегрини, Фратези, Киеза и Скамака како најистурен игра.

На спротивната страна Силвињо тргнува со офанзивна формација 4-3-3 во која најголема опасност треба да бидат Броја, Асани и Сефери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни