Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ победи во Женева и доби подарок, па покажа класа со роденденско расположение (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/InteBNLdItalia

Новак Ѓоковиќ играше официјален меч на денот кога го прославува 37 години, па иако истиот мораше да биде прекинат поради дожд, после два часа Србинот излезе како победник во Женева.

Светскиот рекет број еден реши да има дополнителна подготовка за Ролан Гарос поради слабите резултати на земјена подлога, а фактот што првпат игра на турнирот во Женева му овозможи да го прослави роденденот во Швајцарија.

Ѓоковиќ без проблеми го совлада Ханфман со 6:3 и 6:3, но по победата, доби изненадување од организаторот во вид на роденденска торта.

Ноле не се охрабри да ја проба истата додека не доби потврда дека станува збор за безглутенска торта, но потоа покажа класа и ја подели истата со собирачите на топки, како и одговорните лица за обезбедување на теренот.

Ѓоковиќ е главен фаворит за освојување на титулата во Женева, а втора негова пречка на турнирот во Швајцарија ќе биде победникот од дуелот Шаповалов – Грикспор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни