Поврзете се со нас

Англија

Легенди на Челси за заминувањето на Покетино: Сега навистина ништо не ни е јасно

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Челси вчера ја шокираше јавноста и пред се своите фанови со информацијата дека Маурисио Покетино нема да биде менаџер на екипата следната сезона, а овој потег предизвика дополнителна конфузија во однос на стратегијата на актуелното раководство.

Иако не успеа да се бори за висок пласман, подмладената екипа на лондонскиот клуб остави добар впечаток во завршниот дел од сезоната, па сите сметаа дека тоа е добра најава за следната сезона.

Густаво Појет и Франк Лебеф како поранешни играчи на Челси ја коментирале новата ситуација за „Скај Спортс“, а и двајцата поентираат во слична насока.

– Сите кои се блиски до Челси очекуваа одлично лето и нешто значајно за следната сезона. Сега сум шокиран, не можам да поверувам, ова е нешто невозможно, – рекол Појет.

– Навистина штета, бидејќи беа одлични на последните неколку натпревари, а сега повторно не знаеме со што ќе се соочиме следната сезона. Не знаеме што ќе правиме со толку многу млади фудбалери, се сомневам дека може да очекуваме подобра сезона од оваа последната, – рекол Лебеф.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни