Поврзете се со нас

Италија

Крај на една ера: Интер од денеска има нов сопственик

Објавено

на

foto:twitter.com/Inter_en

Интер доминираше сезонава во Серија А и заслужено ја освои титулата со која стигна до втората ѕвездичка на дресовите, но клубот во позадина минуваше низ сериозна криза поврзана со сопственичката структура.

Од денеска официјално клубот е во сопственост на инвестицискиот фонд „Оуктри“, кој го презема Интер од компанијата „Сунинг“, односно досегашниот претседател Стивен Жанг и неговата фамилија.

Жанг не успеал да го врати долгот тежок речиси 400 милиони евра во предвидениот рок, по што „Оуктри“ ја активирал клаузулата за преземање на сопствеништвото врз италијанскиот клуб и тоа денеска официјално го потврди со соопштение.

– Како нови сопственици, ја знаеме нашата одговорност кон големата заедница и историјата и традицијата на Интер. Посветени сме на долгорочни успеси на клубот и сигурни сме дека нашата страст ќе биде иста како таа на фановите ширум светот, – стои во соопштението на американскиот инвестициски фонд.

Се очекува актуелните директори да останат во клубот и покрај сериозната промена, а се појавија и шпекулации дека досегашниот потпретседател Хавиер Занети, може да дојде до претседателската функција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни