Поврзете се со нас

Англија

Фудбалер на Тотенхем го имал најбрзиот спринт сезонава, но и во историјата на Премиер лигата

Објавено

на

Фото:twitter.com/SpursOfficial

Тотенхем одигра солидна сезона во Премиер лигата, но не успеа да избори место во Лигата на шампионите, додека фановите се надеваат дека екипата има светла иднина под водство на менаџерот Анге Постекоглу.

Во првиот летен преоден рок, Постекоглу доведе неколку квалитетни засилувања, а меѓу нив беше и дефанзивецот Мики ван де Вен, кој дојде од Бундеслигата и веднаш се промовираше како еден од најдобрите дефанзивци во Премиер лигата.

Ван де Вен ќе ја памети дебитантската сезона и по еден невообичаен рекорд за фудбалер на неговата позиција, а тоа е најбрзиот спринт регистриран било кога во Премиер лигата, со што е соборен и досегашниот рекорд на Кајл Вокер.

Холандскиот стопер бил „уловен“ со спринт со брзина од 37,38 км/ч, нешто што досега не се случило во ПЛ, со што бил и најбрз играч во веќе завршената сезона.

Зад стоперот на Тотенхем се Чидози Огбене од Лутон (36.93) и Ентони Еланга од Нотингем (36.91 км/ч).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни