Поврзете се со нас

Франција

Луис Енрике: Сите знаеме каде ќе заврши Мбапе

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Видео обраќањето на Килијан Мбапе стана топ тема во Франција откако самиот фудбалер соопшти дека си заминува од ПСЖ, а еден ден подоцна, свое излагање пред француските новинари имаше Луис Енрике.

Популарниот Лучо подолго време чекаше самиот Мбапе да ја соопшти одлуката за која сите шпекулираа во јавноста, но иако потврди дека си оди од Париз, напаѓачот сепак не откри која ќе биде негова следна дестинација.

Според сите француски и шпански медиуми, Мбапе веќе има постигнато договор со Реал Мадрид, а исто размислува и Луис Енрике кој му посака многу среќа на напаѓачот во следната фаза од кариерата.

– За заминувањето на Мбапе знаевме сите веќе некое време, сите го знаеја тоа и неговото обраќање не менува ништо. Сите одлуки кои ги носев, ги носев за доброто на тимот. Двете страни се однесувавме на најдобар можен начин, пред нас останува уште онаа титула во Купот и се надеваме дека ќе ја освоиме со Мбапе. Целта е да останеме конкурентни и да освојуваме титули. Без разлика што си оди, убеден сум дека следната сезона ќе бидеме многу посилни.

– И покрај тоа што вие новинарите се обидовте да не пресметате во неколку наврати, Килијан самиот демантираше дека има било каков проблем. Можам да зборувам само убави работи за него, за Килијан како играч и за Килијан како човек. Ја сфаќам неговата одлука, тој е легенда на ПСЖ и даде се за клубот. Исто така, и клубот му даде се. Му посакувам се најдобро, тој не откри каде ќе продолжи, но мислам дека сите знаеме каде ќе заврши. Нема потреба да додадам ништо повеќе за него, – изјави Луис Енрике.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни