Поврзете се со нас

Германија

Елмас играше за „биковите“, Келн со голем пресврт до победа за надеж за опстанок во Бундеслигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/RBLeipzig

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас се врати во составот на РБ Лајпциг за денешниот меч против Вердер Бремен во Бундеслигата.

Елмас поради болест не беше во комбинација за соочувањето со Хофенхајм, но денеска се беше во ред со нашиот ас кој доби шанса во второто полувреме. Тој влезе во игра во 64 минута, меѓутоа и неговото присуство не му донесе пресврт на фаворитот во второто полувреме.

Шешко во 61 минута израмни на 1-1, резултат кој на крајот се покажа како конечен.

Келн пак со чудесен пресврт го доби Унион Берлин со 3-2 и остана во игра за опстанок во првата лига. Гостите водеа со 2-0, но завршницата на првиот и вториот дел им припадна на домаќините кои на овој начин дојдоа до петто славје во сезоната, па во последното коло ќе се надева на сценарио кое ќе му гарантира опстанок или барем бараж меч за останување во најдоброто германско друштво.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни