Поврзете се со нас

Шпанија

Херојот од сенка на Реал: Никој не зборува за него, но на „Вембли“ ќе биде дел од деветто финале во ЛШ! (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Луѓето кои работата во сенка секогаш се оние кои не добиваат посебно медиумско внимание, но шпанските медиуми сепак се погрижија да издвојат едно име кое не добива заслужена важност во јавноста.

Станува збор за кондицискиот тренер на Реал Мадрид кој е вистинска фудбалска легенда, а кој својата биографија сега ја збогати со дури деветто финале во Лигата на шампионите.

Карло Анчелоти по шести пат во својата кариера ќе биде дел од едно големо финале како тренер, но Антонио Пинтус има уште поимпресивни бројки и ова за него мечот на „Вембли“ ќе биде деветто финале како одговорен за физичката подготовка на еден тим.

Пинтус трипати беше дел од еден завршен меч во најелитното натпреварување на крајот на 90-тите години како член на Јувентус, едно финале му е со Монако, а сега ќе го дочека и петтото како дел од стручниот штаб на Реал Мадрид.

Италијанецот има 61 година и е неизмерно ценет од сите играчи во соблекувалната на Реал, па сега заедно со нив ќе има шанса дополнително да го подобри својот просек на победи во Лигата на шампиони.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни