Поврзете се со нас

Италија

Анри го доживеа првиот голем успех како акционер во италијанскиот фудбал: Јас не сум заслужен за ова

Објавено

на

Foto:twitter.com/Como_1907

Тјери Анри влезе како инвеститор во Комо уште пред две години и стана еден акционер на клубот, па како човек со таков статус, вчера беше дел од најважниот успех на тимот во последните две децении.

Комо се врати во Серија А после точно 21 година и тоа го направи со реми против Косенца, но многу поважен беше поразот на Виченца кој предизвика големо славје на „Џузепе Синигалија“ стадионот.

Тјери Анри сведочеше на убавите сцени од трибините и го доживеа првиот голем успех како акционер, но тој сите заслуги ги префрли кон луѓето кои работат секојдневно со тимот, јасно алудирајќи на директорите, на Сеск Фабрегас и целиот стручен штаб.

– Чувството е навистина многу убаво, но јас не играв. Цела заслуга оди кон играчите, треба нив да им се поставува прашањето за остварениот успех. Јас го бодрам тимот од далеку, вистинските одговори за успехот го имаат тие кои секој ден се тука.

– Како и сите останати на стадионот, повеќе време го гледав резултатот на мечот на Венеција, отколку тоа што се случува на теренот. Јас сум тука да го поддржам клубот, но има многу други луѓе кои се поважни од мене и кои работеа напорно за Комо да стигне до тука. Сите заслуги одат кон играчите и луѓето кои се во клубот долго време, – порача Анри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни