Поврзете се со нас

Англија

Сити го разби Фулам и ја презема лидерската позиција во Премиер лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Тимот на Манчестер Сити успешно го реши претпоследното гостување во оваа сезона во Премиер лигата, гостување во Лондон кај Фулам каде славеше со убедливи 4-0.

„Граѓаните“ имаа јасна цел и мисија на „Кревин Котиџ“, мисија која беше одработена она како што посакуваше Пеп Гвардиола и сега Сити е уште еден чекор поблиску до одбрана на титулата во Англија.

Првиот дел заврши со водство од 1-0 за гостите преку голот кој го постигна дефанзивецот Гвардиол во 13 минута.

Во второто полувреме Фоден зголеми на 2-0, потоа Гвардиол реализираше уште еднаш за да во судиското продолжени точка стави Алварез со голот од белата точка.

Сега Сити има 85 бода, два повеќе од второпласираниот Арсенал. Во последните две кола клубот од Манчестер му гостува на Тотенхем и го пречекува Вест Хем.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни