Поврзете се со нас

Шпанија

Кубарси ги издвои четворицата најдобри играчи на сите времиња и не најде место за Меси (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Пау Кубарси пред неколку дена го продолжи договорот со Барселона и тоа беше пренесено како ударна вест од Каталонија, пред се поради развојот кој го имаше младиот стопер во првата професионална сезона во Ла Лига.

Кубарси доби голема доверба од Чави Ернандес и се претвори во стартер во неговиот тим, а клубот експресно реши да го „блиндира“ и со прв професионален договор му постави клаузула од 500 милиони евра.

Голобрадиот Пау без никаков сомнеж е иднината на Барселона, па во денови кога го прославува новиот договор, прифати да биде дел и од веќе познатата анкета на клубот.

Кубарси доби за задача да ги избере четворицата најдобри играчи на сите времиња на секоја позиција од теренот, а интересно е тоа што младиот стопер во својот идеален тим не најде место за Лео Меси.

Според дефанзивецот, најдобар голман на сите времиња е Буфон, во одбраната го смести својот идол Пујол, за средниот ред ја избра магијата на Роналдињо, а во нападот предност му даде на Тјери Анри пред сите останати играчи кои ги гледал додека бил мал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни