Поврзете се со нас

Германија

Балаг потврди: Баерн води преговори со идниот тренер

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayern

Томас Тухел ќе ја напушти тренерската функција во Баерн Минхен по крајот на сезоната, а бундеслигашот и натаму не одредил кој ќе биде негов наследник.

По многу шпекулации и предвидувања, познатиот шпански новинар Гилјем Балаг, денеска во својата колумна за „Би-Би-Си“ потврдил дека Баерн е во сериозни преговори со Ралф Рангник.

Актуелниот австриски селектор прифатил да ја преземе одговорната функција преку која ќе треба да го врати Баерн на врвот на Бундеслигата, односно да ја врати титулата која оваа сезона му припадна на Баер Леверкузен.

Балаг од свои извори добил потврда дека се договараат последните детали и Рангник ќе биде потврден до крајот на оваа недела, за што потврда е и фактот дека клубот во моментов не преговара со други кандидати.

Летово, искусниот тренер ќе ја води Австрија на ЕП, по што ќе треба да ја започне работата во германскиот клуб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни