Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта донел одлука, Чави нема да биде тренер на Барселона следната сезона

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Само три недели откако се случи пресврт и Чави потврди дека сепак ќе остане во Барселона и следната сезона, ситуацијата во редовите на шпанскиот великан доживува нова голема промена.

Најновите информации на добро упатените каталонски медиуми вели дека претседателот на клубот, Жоан Лапорта, решил да стави крај на соработката со клупската легенда и Чави нема да биде тренер на Барса следната сезона.

Лапорта се налутил многу поради изјавата на Чави, во која тренерот искрено зборувал за финансиската ситуација во клубот, односно фактот дека Барса не може да му парира на Реал Мадрид во однос на составот и засилувањата за истиот.

Лапорта и спортскиот директор Деко исто така му замериле на тренерот и поради неговите изјави за ситуацијата со Витор Роке, па претседателот одлучил дека Барселона сепак ќе има нов тренер следната сезона.

„Спорт“ пренесува дека одлуката нема да биде објавена пред дуелот со Рајо Валјекано.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни