Поврзете се со нас

Англија

Артета излезе со коментар за незаборавната утка на Сон против Сити: Ако требаше да бирам еден играч…..

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Хеунг Мин Сон можеше да му направи огромна услуга на лутиот ривал Арсенал и се најде во идеална ситуација да го матира Манчестер Сити на дербито во Северен Лондон, но Кореецот ја загуби директната битка со Ортега и не ја реализираше најдобрата прилика на домаќините.

Сон тргна сам пред голот на Ортега во 86-та минута и можеше да донесе израмнување за 1:1, резултат кој ќе значеше дека Арсенал влегува во пол-позиција за освојување на титулата во последното коло.

Наместо тоа, Ортега одбрани и Сити до крајот постигна уште еден гол, па „граѓаните“ сега зависат сами од себе против Вест Хем, додека Арсенал треба да го победи Евертон и да се надева на чудо на „Итихад“.

Микел Артета и натаму е оптимист и верува во позитивно сценарио, но пред мечот со „карамелите“, накратко го искоментира и промашувањето на Сон.

– Ако требаше да изберам еден играч од Премиер лигата за тој момент, тоа дефинитивно ќе беше Сон……. Таков е спортот, Мајкл Џордан го објасни тоа неколку пати. Многупати го постигнал победничкиот шут, но многупати и го промашил. Тоа е убавината на спортот, сега не можеме да направиме ништо околу тоа. Имавме надеж, но тоа што посакувавме не се случи. Сега не чека нова напорна работа, бидејќи Евертон е во добар моментум и ќе мора да се потрудиме за победа, – изјави Артета.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни