Поврзете се со нас

Македонија

Ибраими и Радески ја решија Шкендија, Струга е старо-нов македонски шампион

Објавено

на

Фудбалерите на Струга Трим Љум успеаа да слават над Шкендија со 2-0 во големото дерби од претпоследното 32. коло во Првата лига.

Гостите постигнаа голови во вистинско време, во финишот на првото полувреме и на стартот на второто полувреме, погодоци кои беа дело на Ибраими и Радески, двајца играчи кои во минатото беа дел од „црвено-црните“ од Тетово.

Со овој триумф Струга го одбрани трофејот во шампионатот, поточно втора година по ред е најдобра екипа во Македонија.

Шкупи направи нов кикс и не ја совлада АП Брера (0-0), резултат со кој струмичани го обезбедија опстанокот, поточно го испратија Вардар во баражот со Детонит Пљачковица.

РЕЗУЛТАТИ:

ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ 0-2
ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ 0-0
МАКЕДОНИЈА ЃП – БРЕГАЛНИЦА 2-1

СИЛЕКС – ВАРДАР 1-1

ШКУПИ – АП БРЕРА 0-0

ТИКВЕШ – ВОСКА СПОРТ 0-0

Standings provided by Sofascore
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни