Поврзете се со нас

Шпанија

Мајката на Мбапе: Цел свет знае каде ќе игра Килијан

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Килијан Мбапе вчера организирал проштална вечера во еден луксузен ресторан во Париз и ги собрал најблиските соиграчи и членови од стручниот штаб, се со цел во најблиско опкружување да ја затвори својата етапа во ПСЖ.

По седум години во француската престолнина, Мбапе е решен да направи чекор напред во кариерата, па иако тој самиот не откри која ќе биде негова следна дестинација, медиумите веќе на големо пишуваат за мега трансферот.

Францускиот капитен во текот на цела своја играчка кариера се поврзува со Реал Мадрид, пред две години самиот направи да колабира договорениот трансфер, но сега ништо не може да го спречи од преселба на „Сантијаго Бернабеу“.

Хавиер Тебас како претседател на Ла Лига веќе го најави неговото пристигнување, па ако Мбапе се уште останува мирен, неговта мајка индиректно ги потврдила шпекулациите по крајот на вечерата во Париз.

– Каде ќе игра Килијан следната сезона? Цел свет знае каде ќе игра Килијан, нели е така? , – им одговорила Фајза Ламари на насобраните новинари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни